Видео (ВИДЕО) Терористички напад во Харков

(ВИДЕО) Терористички напад во Харков

Подметната помба во бар во Харков, источна Украина

Украинските власти денеска отворија истрага за тероризам, по бомбашкиот напад во Харков, при кој беа повредени 11 лица.

Бомбашкиот напад во Харков, град во Источна Украина, е прв поголем напад од почетокот на судирите со проруските бунтовници.
Најмалку 11 лица се повредени во синоќешната експлозија на бомба во бар во центарот на Харков, објави полицијата и додаде дека две од повредените лица се во тешка состојба.

Според директорот на бирото за безбедност, Михајло Озеров, станува збор за „терористички чин“ бидејќи во барот се собирале средства за украинските војници кои се борат против проруските бунтовници во соседните региони Донецк и Луганск.