Видео (ВИДЕО) СДСМ: Владата е виновна за големото загадување

(ВИДЕО) СДСМ: Владата е виновна за големото загадување

Lidhja Socialdemokrate e Maqedonisë

Македонската влада дозволи енормно повисоко загадување на воздухот, над максимално дозволените граници, со години. И покрај бројните апели за ризични последици, Владата не спроведе никаква заштита за здравјето на граѓаните и е директно одговорна затоа што секоја година се регистрираат нови 4.500 заболени од рак, од кои најголемиот број се од Скопје и од Полог, вели Пеце Мирчевски, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

Власта, според Мирчевски, е виновна за алармантниот пораст на малигни болести со смртни последици кај млади луѓе, последниов период во Битола, за зголемувањето на респираторни и на канцерогени заболувања во Прилеп и за тоа што Институтот за белодробни заболувања Козле во Скопје е преплавен со деца, со тешки опструкции на дишните патишта.