Македонија Ветровито и посвежо време со температура до 29 степени

Ветровито и посвежо време со температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде умерено облачно. Утрото ќе биде свежо, а преку денот – ветровито, најмногу долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната максимална – од 23 до 29 степени.

Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Повремено ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 27 Целзиусови степени.