Дописници Весел Мемеди обвинува дека сакале да го сменат со фалсификувани потписи

Весел Мемеди обвинува дека сакале да го сменат со фалсификувани потписи

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, денеска на прес-конференција обвини дека по иницијатива на поранешниот претседател на неговата партија, Руфи Османи, неколку члена од централното претседателство фалсификувале потписи кои потоа ги искористиле за иницирање петиција за негова смена.

– Оваа група од четири-пет луѓе манипулираа со потписите на собранието на нашата партија, за разрешување на претседателот на партијата. Тоа се фалификувани потписи. Оваа игра е игра на пет лица, иницирана од поранешниот претседател на НДП и на крај тој се повлекува од оваа игра, кога сфаќа дека Весел Мемеди е многу сериозен и дека во ниту еден момент нема да дозволи никој да манипулира во име на НДП – вели Мемеди.

Мемеди истакна дека тој и понатаму е легитимен престедател на НДП, сè до наредниот конгрес на партијата кога членовите ќе го кажат последниот збор.