Галерија Велосипедски полигон за деца во паркот Македонија

Велосипедски полигон за деца во паркот Македонија

Велосипедски полигон за деца беше пуштен во употреба денеска во парк Македонија. Овој полигон е од едукативен карактер и има цел децата во него да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила.

– Велосипедскиот полигон за деца е со површина од 660 кавадратни метри, со должина на патека од 270 метри и урбана опрема: рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исополнети со песок, клупи за седење, пикник-маси и корпи за отпадоци – изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Во изградбата на овој едукативен полигон биле користени еколошки материјали, а неговата вредноста изнесува 1.234.000 денари.

Велосипедскиот полигон за деца во паркот Македонија е донација од Стопанска банка.