Свет Европа Велика Британија ќе вработи нови 1.900 агенти за безбедност

Велика Британија ќе вработи нови 1.900 агенти за безбедност

За да се спротистави на опасноста од терористички напади по крвавите настани во Париз, Велика Британија дополнително ќе вработи 1.900 агенти во безбедносните и во разузнавачките служби.

Ваквиот потег е најголем пораст на ангажирањата во британската безбедносна служба по бомбашките напади во Лондон во 2005 година, кога беа убиени десетици луѓе. Мерките денеска официјално ќе ги објави британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Одлучен сум да ангажирам ресурси кои ни се потребни во борба против терористичките закани, бидејќи заштитата на британскиот народ е моја најголема должност како примиер – истакна Камерон.

Покрај зголемувањето на бројот на агентите во британските безбедносни служби, на аеродромите во светот ќе бидат ангажирани дополнителен број офицери за безбедност во авијацијата, како одговор на уривањето на рускиот авион во Египет минатиот месец, бидејќи британската влада се сомнева дека во леталото била поставена бомба.