Свет Европа Велика Британија го распушта парламентот и почнува изборната кампања

Велика Британија го распушта парламентот и почнува изборната кампања

Британскиот премиер Дејвид Камерон побара од кралицата Елизабета Втора да го распушти парламентот, со што и официјално ќе почне предизборната кампања за парламентарни избори, закажани за 7 мај.

Денот на одржувањето на изборите е одреден уште во 2010 година, кога Камерон ја оформи коалицијата со центристичките либерални демократи.

Исходот од претстојните избори е неизвесен бидејќи конзервативците и лабуристите се еднакви според истражувањето на јавното мислење.

Телевизиската дебата на лидерите на седумте британски партии е закажана за 2 април.

Премиерот Дејвид Камерон, наводно, во борба за гласови ја заостри реториката со тврдења дека изборната кампања е на „раб на нож“.

– Ова не се какви било избори, ова се избори со висок ризик. Ова е се избори на раб на нож и може само да се пресече на два дела или конзервативци или лабуристи. Велика Британија или ќе напредува или ќе назадува – оцени Камерон.