Галерија Велигденски појадок – нова традиција во градинките „Корчагин“

Велигденски појадок – нова традиција во градинките „Корчагин“

Децата и родителите од градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје денеска почнаа традицијата наречена Велигденски појадок. Како што нè информираа од клон-градинката „Пепелашка“, целта е да се создаде традиција во која заеднички ќе учествуваат и децата и родителите.

Децата и родителите појадуваа заедно, а негувателките и учителките атмосферата ја направија празнична.