Uncategorized Величковски: Побргу до влада со политички капацитет

Величковски: Побргу до влада со политички капацитет

Либералната партија организираше трибина на тема „Кризата бара решение“, на која говореа Ивон Величковски, Јове Кекеновски, Мерсел Биљали и Исмет Рамадани.

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, вели дека понудиле платформа до сите политички партии за побргу да се дојде до влада со политички капацитет.

– Треба да се оспособи и парламент што би го вратил политичкиот дијалог внатре. Ние понудивме решение и за пратениците, а тоа е тие да бидат ослободени од обврските што ги презеле кон своите партии – изјави Величковски.

Експертите велат дека Владата нема легитимитет и кредибилитет и дека треба да се формира преодна влада што ќе организира слободни, фер и демократски избори во земјата. Освен тоа, потребен е попис на населението, реален избирачки список, како и борба против корупцијата насекаде.