Главна секција Вељаноски денеска треба да ги распише изборите

Вељаноски денеска треба да ги распише изборите

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ, денеска треба да ги распише предвремените парламентарни избори, кои е предвидено да се одржат на 5 јуни.

„Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието, јас, како претседател, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори, одлучив решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски избори“, наведе Вељаноски во писмената изјава.

Собранието се распушти на 6 април на полноќ, во согласност со одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари.