Главна секција Вељаноски денеска ќе ги распише изборите

Вељаноски денеска ќе ги распише изборите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска ќе го потпише решението за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Вељаноски во 11 часот ќе се сретне со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, а во 12 часот ќе потпише решение за распишување предвремени парламентарни избори.

Вчера со 110 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците одлучија да се распушти Собранието на Република Македонија за на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори.