Спорт Вечерва Вардар го пречекува Целје

Вечерва Вардар го пречекува Целје

На домашен терен, во СЦ „Јане Сандански“, вечерва ракометарите на Вардар ќе го играат натпреварот од седмото коло од Ц-групата во Лигата на шампионите против словенечкиот Целје. Во првото коло, на гости, екипа на Вардар против словенечкиот противник постигна победа од 27:26.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Металург, пак, кој е втор наш претставник во Лигата на шампиони, утре ќе игра против ПСЖ во Париз.

Во рамките на Челинџ-купот, реванш-дуелот од 3. коло го играат и ракометарите на битолски Пелистер, кои го пречекуваат Дукла од Прага.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот.