Главна секција Вечерва обраќање на Груевски до јавноста

Вечерва обраќање на Груевски до јавноста

Премиерот Никола Груевски, вечерва во 19 часот ќе има обраќање до јавноста.

Се очекува во обраќањето Груевски да ја соопшти својата одлука околу оставката на функцијата премиер, како што е предвидено со Договорот од Пржино, а во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април.

Денеска е последен ден до кога Груевски треба да поднесе оставка, а утре истекува рокот за формирање привремена влада до изборите.

Утре во земјава пристигнува и еврокомесарот Јоханес Хан.

Обраќањето ќе се одржи во просториите на Владата на Република Македонија.