Македонија Вечерва обраќање и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Вечерва обраќање и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 20.30 часот во седиштето на СДСМ ќе даде изјава за медиумите, во која се очекува да го изнесе ставот на партијата по обраќањето на премиерот Никола Груевски, а пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан на земјава.

Груевски, во своето обраќање до јавноста соопшти дека утре наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер, која ќе биде активирана 100 дена пред официјалниот датум на изборите.

Груевски изричито не спомена кога точно ќе се одржат предвремените избори кои, според Договорот од Пржино, се закажани за 24 април.

На утрешната средба на еврокомесарот Хан со претставниците на четирите политички партии се очекува поконкретно да се дефинира датумот за изборите.