Македонија По полноќ ќе почне зимското сметање на времето

По полноќ ќе почне зимското сметање на времето

Во 3 часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март, кога почнува летното сметање на времето.

Промената на времето секогаш се врши ноќта помеѓу сабота и недела, за да не предизвика проблеми во работните обврски на граѓаните.