Македонија Вечерва дебата на тема „Инфодемија – Како да останеме на вистинската страна?“...

Вечерва дебата на тема „Инфодемија – Како да останеме на вистинската страна?“ на ТВ 21

Фото: ТВ21

Директорот за партнерство и развој на ресурси на Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и комуникологот Бојан Кордалов ќе гостуваат во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 посветена на темата „Инфодемија – Како да останеме на вистинската страна?“.

Тие ќе разговараат како да се остане на страната на вистината откако заврши пандемијата на ковид-19, но остана инфодемијата.

Исто така, гледачите ќе имаат можност да ги видат мислењата на соговорниците за тоа како вистината во војна прва умира – колку Војната во Украина дополнително ги зголеми лажните вести.

На дебатата ќе се дискутира и на тема како на младите да им кажеме дека интернетот треба да се користи за добро.

Емисијата „Клик Плус“  ќе биде емитувана во живо, со почеток во 21:30 часот, и на Фејсбук страницата на ТВ 21.