Македонија Вчера горело на 19 локации – еден пожар е локализиран, останатите се...

Вчера горело на 19 локации – еден пожар е локализиран, останатите се изгаснати

Локализиран е пожарот во Чешиново-Облешево, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума, додека 18 се изгаснати

Пожарот во Чешиново - Облешево (16 август 2023) / фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Во текот на вчерашниот ден на отворен простор имало вкупно 19 пожари, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Локализиран е еден пожар – во Чешиново-Облешево, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума, a 18 се изгаснати.

Од оние што се изгаснати, четири пожари биле во кумановско и тоа во селата Рамановце, Слупчане, Пчиња и Љубодраг.

Два од пожарите биле во Општина Долнени – во селата Дебреште и Кошино, каде што горела сува трева и нискостеблеста деградирана шума.

Според информациите на ЦУК, вчера биле изгаснати и пожари во селото Радуша – Општина Сарај, во Карпош на улицата „Скупи“, парк шумата Гази Баба, селото Трап во Битола, Општина Могила, Ресен, радовишкото село Ораовица, Кавадарци, Росоман, Желино, Виница и кичевското село Бериково.