Свет Свет „Вашингтон пост“: ЦИА и специјалните единици убиваат исламисти во Сирија

„Вашингтон пост“: ЦИА и специјалните единици убиваат исламисти во Сирија

ЦИА и американските специјалните сили почнале тајни операции во Сирија, чија цел е ликвидација на таканаречената Исламска држава, која важи за посебно опасна територија, објави весникот „Вашингтон пост“.

Според весникот, ЦИА и Заедничката команда за специјални сили пратиле дронови во Сирија, а резултатите од таа соработка се неколкуте неодамнешни напади на високи оперативци на ИД.

Меѓу убиените е и британскиот милитант Џунаидн Хусеин, за кој се верува дека стои зад организираното користење на социјалните мрежи за поттикнување напади во САД.

Работата е поделена така што ЦИА го лоцира метите, а ликвидациите го спроведува Заедничката команда за специјални сили, наведува американскиот весник.