Свет Свет Вашингтон планира да го ограничи движењето на руските дипломати

Вашингтон планира да го ограничи движењето на руските дипломати

Вашингтон би можел да го ограничи движењето на руските дипломати во САД и да ја заостри процедурата за нотификација како одговор на акцијата на Русија кон американските дипломати и дипломатскиот имот, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Весникот наведува дека станува збор за скратување на радиусот на движење на дипломатите и на техничкиот персонал на амбасадите и конзулатите од сегашни 40 километри на 16 до 24 километри.

За дипломатите ќе виде воведена процедура на нотификација според која вработените во руските дипломатски мисии мораат три дена порано да го известат Стејт департментот за своите планови да отпатуваат на поголема далечина од онаа кој им ја пропишале американските власти, пренесува „Спутник“.