Главна секција Ванхауте: Заканите по безбедноста ми се во втор план во споредба со...

Ванхауте: Заканите по безбедноста ми се во втор план во споредба со интересите на граѓаните

По изјавата на eвроамбасадорот Аиво Орав, дека тој, како и еврокомесарот Јоханес Хан и Питер Ванхауте добивале закани и дека поради тоа мора да се зголеми нивното обезбедување, белгискиот олеснувач вели дека заканите по неговата безбедност му се во втор план.

– За мене заканите по безбедноста се во втор план во споредба со интересите на граѓаните, потребата од имплементација на итните реформски приоритети, како и потребата од формален договор помеѓу партиите во врска со изборите и со денот на нивното одржување – вели Ванхауте.