Македонија Ванхауте: Сите беа конструктивни, но има уште многу да се сработи до...

Ванхауте: Сите беа конструктивни, но има уште многу да се сработи до изборите

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте го поздрави денеска постигнатиот договор за експертите во ДИК.

– Многу сум задоволен што можам да ве информирам дека лидерите на политичките партии постигнаа договор за ДИК. Се надевам дека наскоро ќе почне да работи, да избере генерален секретар. Можам да кажам дека сите партии беа конструктивни – рече Ванхауте.

Олеснувачот, сепак, нагласи дека до изборите има уште многу работи што треба да се сработат.

– Остануваат уште многу работи што треба да се средат до изборите, како што е законот за медиуми, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, омбудсманот, антикорупциската комисија и други. Сето тоа треба да се сработи до изборите во април – рече Ванхауте.