Македонија Ванхауте до ВМРО-ДПМНЕ: Музејот на ВМРО не е во мојот туристички водич

Ванхауте до ВМРО-ДПМНЕ: Музејот на ВМРО не е во мојот туристички водич

Белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте, синоќа преку својот твитер-профил им одговори на ВМРО-ДПМНЕ на нивната одлука за прекинување на соработката и на пораката дека ќе го третираат посредникот само како турист.

Ванхауте на „Твитер“ напиша дека планира да почне да пишува туристички водичи и прашува каде е музејот на ВМРО бидејќи не бил на неговата туристичка мапа.

Од ВМРО-ДПМНЕ, доцна синоќа, пред амбасадорите на ЕУ и на САД да кажат дека не се исполенети условите за одржување фер и веродостојни избори на 24 април, соопштија дека одлуката за прекин на соработката со Ванхауте е поради неговите навреди кон владејчката партија и кон нејзините претставници што учествуваа во преговорите, како и „континуираните омаловажувања кон народот и кон Република Македонија“.