Економија „Ван Хол“ ќе инвестира во втор производствен капацитет во Македонија

„Ван Хол“ ќе инвестира во втор производствен капацитет во Македонија

Белгиската компанија „Ван Хол“ ќе инвестира 15 милиони евра во нов производствен капацитет во следните четири години.

Во втората инвестициска фаза, компанијата планира да го зголеми производството двојно, односно од 500 возила годишно на околу 900.

– Воедно имаме и нов проект и покрај извозот во Америка и во Европа, сакаме да се фокусираме на извоз на нашите производи кон Израел – истакна директорот на компанијата, Филип Ван Хол.

Досегашната фабрика на „Ван Хол“ се протега на 38.000 квадратни метри, а новата ќе биде на површина од 34.000 квадратни метри.