Македонија Ван Хојте: Работиме напорно, мора да постигнеме напредок во оваа земја

Ван Хојте: Работиме напорно, мора да постигнеме напредок во оваа земја

Изминатата ноќ била тешка за работните групи, кои ги договараат точките за имплементација на Договорот од Пржино, изјави белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, објави „А1 он“ .

Тој пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, каде еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе има средби со лидерите на четирите политички партии.

– Работиме секој ден за да постигнеме напредок, можам да кажам дека и ноќе работиме. Мора да постигнеме напредок во оваа земја. Секогаш е корисно луѓето да дојдат, да ја видат ситуацијата со свои очи и да зборуваат со луѓето за да формираат сопствено мислење – одговори Ван Хојте на прашањето дали беше неопходно доаѓањето на Хан.