Македонија „Ван Гог“ на Јадран сквер за Нова година

„Ван Гог“ на Јадран сквер за Нова година

„Град во градот 2“ е насловена новогодишната прослава што градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, ја организира на Јадран сквер, а која ќе трае два дена. На 30 декември, граѓаните ќе се забавуваат со македонски музички ѕвезди, односно со групата „Ареа“, Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ и со Тамара Тодевска.

На 31 декември, покрај македонската група „ДНК“, ќе настапи и „САРС“ од Србија, а за време на дочекот на Новата 2015 година ќе свири музичката група „Ван Гог“.