Свет Европа Валс: Опасноста од екстремисти и понатаму е многу голема

Валс: Опасноста од екстремисти и понатаму е многу голема

Премиерот на Франција, Мануел Валс, вели дека опасноста од можни напади на екстремисти во земјата сè уште е многу голема и дека вонредните безбедносни мерки ќе останат на сила сè додека тоа е потребно.

Франција ангажира околу 10.000 војници на јавните места и ја зајакна безбедноста откако 17 луѓе беа убиени во серија напади на исламските терористи во јануари.

Валс рекол дека по вчерашните два напади во Копенхаген, на синагогата и на собирот на кој се говорело за слободата на изразување, а каде учествувал уметникот кој цртал карикатури на пророкот Мухамед, треба да има повеќе акции против „исламофашистите“.