Свет Европа Валс: Нападот на црквата е варварски чин

Валс: Нападот на црквата е варварски чин

Францускиот премиер Манеул Валс оцени дека нападот на црква на северот на земјата претставува „варварски чин“, поради кој цела Франција треба да остане обединета.

Валс на „Твитер“ напиша дека со ужас ја примил веста за варварскиот чин, кој претставува удар за сите Французи и за сите католици и порача дека ќе останат обединети.

Француските власти засега не го окарактеризираа како терористички чин нападот на црквата, при кој е убиен еден свештеник.

Двајца вооружени напаѓачи упаднаа во црква во местото Сент Етјен ду Рувај и во неа држеа пет заложници. Пред полицијата да ги убие, напаѓачите му го пресекле гркланот на свештеникот, а уште едно лице се бори за живот.