Спорт Спорт Свет Валдес во Јунајтед, а Де Хеа во Реал

Валдес во Јунајтед, а Де Хеа во Реал

Виктор Валдес

Челниците на Манчестер јунајтед се заинтересирани наместо голманот Давид де Хеа да го ангажираат некогашниот чувар на мрежата на Барселона, Виктор Валдес.

Шпанскиот голман од минатиот месец тренира на „Олд Трафорд“.

Како што тврди британскиот весник „Индепендент“, Де Хеа би можел да премине во мадридскиот Реал.
Валдес со месеци паузираше поради сериозните повреди на коленото што ги доби во март годинава, при крај на повеќегодишниот ангажман на голот на каталонскиот клуб.

Шпанскиот голман веќе имаше договорен трансфер во францускиот Монако, но управата на клубот се откажа од реализацијата на договорот поради повредата.