Македонија Утринава земјотрес ги стресе Македонија и Албанија

Утринава земјотрес ги стресе Македонија и Албанија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала, утрово ја погоди Албанија во 7.26 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Освен во Албанија, земјотресот се почувствувал и во Македонија и во Црна Гора.
Само шест минути порано, во Албанија, на исто место е регистриран уште еден послаб земјотрес, со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 34 километри источно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е почувствуван во делови на Дебар, Скопје и на Тетово.