Македонија Утринава регистрирани четири земјотреси во Охридско

Утринава регистрирани четири земјотреси во Охридско

Четири земјотреси  утринава се регистрирани во Охридскиот Регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот земјотрес, со магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во 2.12 часот. Два часа подоцна, во 4.16 часот е забележан потрес со магнитуда 2,7 степени според Рихтеровата скала, а по 21 минута уште еден, но посилен земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Последниот земјотрес е почувствуван во 4.39 часот, со јачина од 3,3 степени.