Македонија Утре во Скопје ќе се блокираат крстосници, измена и во јавниот превоз...

Утре во Скопје ќе се блокираат крстосници, измена и во јавниот превоз – генерална проба за министерскиот совет

За сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански oдреди“

Фото: Министерство за внатрешни работи

Посебен режим во сообраќајот ќе има утре во Скопје поради генерална проба поврзана со Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), информира МВР.

Пробата треба да се одржи од 9 до 12 часот, а Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

За сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански oдреди“.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Од ЈСП Скопје исто така информираат дека од 9 до 12 часот, поради одржувањето на генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

Во прилог трасите на движење:

Линии 8 и 15А
• од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59
• наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118
• од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта
Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.