Македонија Утре вечер ќе има посебен сообраќаен режим поради протест

Утре вечер ќе има посебен сообраќаен режим поради протест

Фото: МВР на Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи информира дека на подрачјето на Скопје на 23 јули (петок), во временскиот период од 18.45 часот до 20.30 часот, поради протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

„Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски”, па по ул.„11 Октомври”, ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„Васил Главинов”, потоа по бул.„ВМРО” и бул.„Илинден” (пред Владата на Република Северна Македонија) до завршување на протестот најавено за 20.30 часот.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот,“ се вели во соопштението.