Култура Утре промоција на книгата „Утринска молитва“ од Шипинкаровски

Утре промоција на книгата „Утринска молитва“ од Шипинкаровски

Утре во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Утринска молитва“ од струшкиот писател Петко Шипинкаровски.

Промотори на книгата ќе бидат Васил Тоциновски и Марина Мијаковска.

Промоцијата е закажана во Клубот на љубители на книгата при здружението на пензионери „Солидарност“ во Аеродром, со почеток во 18 часот.