Подглавна секција Утре почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

Утре почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

Екстерното тестирање на 18.600 матуранти ќе се спроведе од утре (30 јануари) и ќе трае до 3 февруари, информираше Државниот испитен центар (ДИЦ).

Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари.