Македонија Утре нова лидерска средба

Утре нова лидерска средба

Лидерската четворка утре повторно ќе се состане, пренесува телевизија „24 Вести“.

По интензивните средби и состаноци на преговарачките тимови и на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Николa Груевски и Зоран Заев, утре, повторно во Клубот на пратеници, лидерската четворка ќе седне на маса со амбасадорскиот двоец Бејли и Орав.

Денеска лидерите, според партиски извори, се на одвоени средби со амбасадорот на САД, Џес Бејли.