Македонија Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

Седница на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, потврди претседателот на Комисијата, Павле Богоевски.

Одлуката е објавена и на веб-страницата на Собранието.

Барањата за одземање на пратеничкиот имунитет се поднесени вчера од Основен суд Скопје 1, односно од Одделението за организиран криминал и корупција, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва ги препратил до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.