Македонија Утре напладне, „Ајде“ организира перформанс пред МТВ

Утре напладне, „Ајде“ организира перформанс пред МТВ

Членовите на „Ајде“, платформата за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, утре во 12 часот, ќе организираат протестен перформанс пред зграда на МРТ.

На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните, ќе говорат новинарите и граѓанските активисти: Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова.