Свет Европа Утре ќе се протестира и во Брисел

Утре ќе се протестира и во Брисел

Македонската заедница и пријателите на Македонија во Белгија најавуваат протест пред состанокот на советот на министри за надворешни работи на Европската Унија. Како што е наведено во нивното соопштение, собирот е предвиден за четврток напладне.

„Бараме од земјите членки на Европската Унија да воведат ефективни индивидуални санкции против членовите на владејачката партија и нивните соработници против кои е поведена кривична постапка, а тоа да трае сè до повлекување на претседателската одлука за аболиција и до целосно овозможување на работата на Специјалното јавно обвинителство,“ се наведува во соопштението.

Од граѓанската иницијатива „Протестирам“ бараат од институциите на ЕУ поддршка за европската иднина на Македонија.