Дописници Утре ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски

Утре ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски

На четвртата Научна и уметничка визита во организација на МАНУ, утре, од 19 часот, во Куќата „Уранија“ во Охрид, ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски, собрано во книгата „Поезија – Ткаења“.

Промотовен збор за творештвото на Димоски ќе одржат академик Катица Ќулавкова и Мите Стефоски, директор на „Струшки вечери на поезијата“, а избрана поезија на авторот ќе читаат актери од театарската група „Аматер“.

Творештвото на Димоски се состои од 10 стихозбирки, четири книги за деца, три книги есеи, осум изданија со избор од неговата поезија, 13 книги објавени на други јазици, а негови поетски циклуси и поединечни песни се преведен на повеќе од 30 јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски, италијански, грузиски, ерменски, монголски.

Застапен е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот од 1982 година наваму.