Македонија Утре Јанева треба да се клонира – во исто време ја чекаат...

Утре Јанева треба да се клонира – во исто време ја чекаат и обвинителите и пратениците

Утре во 11 часот специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира  вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Ова го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој рече дека сè уште не може да каже дали седницата ќе биде отворена за новинарите.

Утре, во 11 часот, Јанева ја очекуваат и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, за пратениците да можат да продолжат со расправата.

Претседателот на собраниската комисија, Влатко Ѓорчев, двапати ја одложува седницата поради тоа што Јанева не присуствувала.

Јанева ја напушти седницата вчера и рече дека пратениците ѝ прават мобинг и нема намера да се врати, освен на пленарна седница.