Македонија Утре и задутре авионско прскање против комарци во Скопје

Утре и задутре авионско прскање против комарци во Скопје

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Авион за прскање против комарци. Фото: Град Скопје

Утре и задутре во раните утрински часови ќе се реализира втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, соопшти Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.