Главна секција Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оспорување на одлуката за референдум

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оспорување на одлуката за референдум

Со 7 гласови „против“ и 2 „за“, Уставниот суд одлучи дека нема уставни пречки во постапката за распишување на референдумот за 30 септември.

Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.

„Судот не изрази сомнеж за неуставноста и незаконитоста на оспорената одлука“, официјално велат од судот,  објави „Макфакс“.

Иницијативата беше поднесена од „Левица“ и од Светски македонски конгрес. Подносителите сметаат дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие побараа Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.