Главна секција Уставниот суд даде виза за помилување на изборниот криминал

Уставниот суд даде виза за помилување на изборниот криминал

Уставните судии на денешната седница ги укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година, со што му се даде можност на претседателот на државата да помилува педофили, нарко-дилери и лица осудени за изборен криминал, се дознава неофицијално.

Новинарите се веќе собрани пред судот, каде наскоро ќе почне брифинг, на кој се очекува и официјално да се потврди информацијата.

Граѓаните што вчера и утринава протестираа пред Уставниот суд веќе се разотидени. Шаторите поставени околу судот се празни, но сè уште се забележува зголемено присуство на полиција.