Економија Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на законот за хонорарци

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на законот за хонорарци

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со коjа се оспорија законските решенија за плаќање задолжителни придонеси за хонорарците бидејќи оспорените одредби повеќе не важат.

Претставката до Уставен суд беше поднесена од 7.000 граѓани, за утврдување на неуставност на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците.

Владата, пак, законот за придонеси за хонорарци го укина во јули.

Со неговото стапување на сила од 1 јануари 2015 година, беше предвидено хонорарците да плаќаат околу 35 проценти за пензиско и за здравствено осигурување од остварениот приход врз основа на договор на дело, авторски договор или друг вид договор со кој се остварува надоместок.

Голем број здруженија, организации и граѓани протестираа против овој закон и незадоволството го изразија на улица.