Македонија Уште една недела сообраќајни гужви на мостот Гоце Делчев во Скопје

Уште една недела сообраќајни гужви на мостот Гоце Делчев во Скопје

До 19 август треба да заврши времениот сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев во Скопје, кој поради реконструкцијата, изминатиов период редовно предизвикуваше сообраќаен метеж.

Од Градот Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден, сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти.

„Од 14.08.2019 година (среда) до 19.08.2019 година (понеделник) под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално“, информираат од Град Скопје.

Знаците за времено водење на сообраќајот на потегот од Пошта до Судска палата ќе останат на булеварот до завршување на работите на тротоарот, а барикадите ќе бидат поставени на работ на коловозот заради безбедност при работа на самиот тротоар.

Фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим започнаа на 9 јули годинава, откако стартуваше изведбата на проектот за реконструкција на дилатациите на мостот Гоце Делчев.