Свет Европа Уште еден руски авион падна во Средоземно Море

Уште еден руски авион падна во Средоземно Море

Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руски ловец „су-33“ се урнал во Средоземно Море откако излетал од бродот носач.

Руските медиуми јавуваат дека причина за падот на авионот е кинење на една од сајлите што служат за сопирање на авионот. Пилотот успешно се катапултирал пред паѓањето.

За неполн месец ова е втор случај руски авион да падне од палубата на носачот „Адмирал Кузњецов“. Кон средината на ноември падна и еден „миг 29“.