Спорт Спорт Македонија Уште еден пораз за МЗТ – Скопје Аеродром

Уште еден пораз за МЗТ – Скопје Аеродром

МЗТ - Скопје : Маталац

Македонскиот кошаркарски тим МЗТ – Скопје Аеродром го доживеа својот четврти последователен пораз во АБА-лигата. Кошаркарите, предводени од Боби Митев синоќа загубија од Металац со 58:64.

Најмногу поени во составот на МЗТ постигна Сеад Шеховиќ, 16, Дамјан Стојановски имаше 13 и Александар Цветковиќ – 12 поени, додека најдобар во составот на Металац беше Никола Малешевиќ со 23 поени.

Ова е шести пораз на МЗТ – Скопје Аеродром сезонава.