Свет Уште еден лекар заразен од ебола во Сиера Леоне

Уште еден лекар заразен од ебола во Сиера Леоне

Уште еден лекар од Сиреа Леоне е инфициран со ебола, соопштија здравствените власти во земјата.

Повеќе од 15.000 лица се инфицирани со ебола, од кои повеќето во Западна Африка. Бројот на заразените здравствени работници е многу поголем во споредба со претходните епидемии. Токму затоа справувањето со епидемијата е многу потешко во овие земји, кои и пред појавата на болеста имаа недостиг на медицински персонал.

Абас Камара, од министерството за здравство, соопшти дека д-р Ајах Соломон Конојеима денеска бил тестиран и тестот бил позитивен за болеста. Конојеима работел во детската болница во Фритаун.

Од почетокот на епидемијата, досега повеќе од 500 здравствени работници се заразени со опасниот вирус.