Македонија Уште еден камион падна жртва на фамозната фонтана на плоштадот „Македонија“

Уште еден камион падна жртва на фамозната фонтана на плоштадот „Македонија“

Фото: Фејсбук профил на Герман Филков (преземено со дозвола)

Уште еден камион пропадна во гранитните плочи што се дел од партерната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Иако овој простор не е предвиден за сообраќај, сепак утрово по плочникот се движел камион кој минувајќи низ просторот каде што се наоѓа фонтаната, пропаднал и се заглавил со тркалата во плочите.

Во август годинава, исто така пропадна камион на ова место додека траеја подговотвките за „Пиволенд“, а минатата година во плочите пропадна и камион на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Откако тоа се случи, просторот беше ограден и во тој дел од плоштадот извесно време не смееја да се движат пешаци.

Пред неколку години, односно во 2017 година, додека течеа подготовките за пречек на ракометарите на „Вардар“ на плоштадот Македонија, камион пропадна во истата фонтана.

За изградбата на фонтаната, Градот Скопје и поранешната Влада потрошија 2,5 милиони евра.