Подглавна секција Уште еден дрон паднал на покривот на нуклеарната централа во Запорожја

Уште еден дрон паднал на покривот на нуклеарната централа во Запорожја

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија го осудил нападот со беспилотно летало врз еден од шесте нуклеарни реактори во нуклеарната централа Запорожја во Украина, која е под руска контрола. 

Фото: Укринформ

Операторите во Нуклеарната централа во Запорожја во Украина информираа дека уште еден дрон паднал на покривот на Нуклеарната централа, која е под руска контрола, пренесе „Ројтерс“.

„Уште еден дрон бил соборен над покривот на реакторот број шест, кој сега е исклучен“, пренесе „Гардијан“.

Во меѓувреме, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија го осудил нападот со беспилотно летало врз еден од шесте нуклеарни реактори во нуклеарната централа Запорожја во Украина, која е под руска контрола.

„Ова не може да се случи“, напишал генералниот директор Рафаел Гроси на објавата на социјалните мрежи, додавајќи дека никој не може да има корист или да добие каква било воена или политичка предност од нападите врз нуклеарни централи.